Џенифер Лопез ќе креира колекција чевли за Џузепе Заноти!

28 јули 2016

По соработката со Бијонсе, Ања Рубик, Селена Гомез и Џенет Џексон, Џузепе Заноти за новата колекција ќе соработува со единствената Џенифер Лопез.

Според досегашните информации, оваа соработка по многу работи ќе биде поинаква од останатите. За почеток, станува збор за планетарно популарната Џенифер Лопез која е многу повеќе од пејачка и актерка, таа е идол на цела една генерација и успешна бизнис жена.

За време на нејзината 14 годишна соработка со компанијата Coty, на пазарот лансираше 18 парфеми кои го носат нејзиното име, со што заработи околу два милијарди долари, а тоа е само една од нивните бројни соработки.

Како што самата ќе каже, оваа соработка ја прифатила заради нејзината огромна љубов кон чевлите, љубов која ја дели со дизајнерот Заноти.

Колекцијата ќе се вика #GiuseppexJennifer, а истата ќе биде лансирана на почетокот на следниот месец во Њујорк, додека во продажба ќе биде пуштена во 2017 година.

Она што засега е познато е дека чевлите ќе чинат од 795 па сѐ до 1995 долари, а обожавателките на чевли веќе се запишуваат на списокот...

Објавено:
28 јули 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
202 пати