Џон Лоб, Николас Кирквуд и Луис Лиман: Kолекција машки модели обувки за лето 2015

4 јули 2014

 

Louis Leeman Louis Leeman

Машките модни недели навистина понудија богати дизајнерски идеи како за машката облека за следната топла сезона од 2015 година, така и за аксесоарите. Од содржината во фокусот ги ставаме само машките обувки како класични чевли, летни мокасини, патики и сандали, кои воедно се и најновите модели што ги претставија  француски бренд за обувки Луис Лиман, британскиот дизајнер на чевли Николас Кирквуд, како и луксузниот бренд со голема традиција Џон Лоб. Од она што имате можност да го погледнете во продолжение, ќе видите  плејада од ултра модерни и префинети модели на машки обувки кои секако се изработени по теркот на последните тенденции. Доколку сте обожаватели на класичните модели, за следната сезона изборот ќе биде навистина огромен.

john lobb john lobb

Па така во однос на материјалите, најчесто се изработени од кожа, но употребени се и лесните летни материјали најчесто за мокасините кои секако за 2015-та претрпеа блага трансформација со тоа што дизајнерите им имплементираа повеќе детали освен врвките.

Louis Leeman Louis Leeman

Иако најновите модели се за сезоната пролет-лето, темните бои воопшто не се исклучени, а тука секако се и оние светлите и нежни колорни нијанси, но најчесто на спортските модели.

Nicholas Kirkwood Nicholas Kirkwood

 

Ако пак не преферирате класика на вашите стапала, туку спортска лежерност, дизајнерите понудија и урбани верзии на патики високи до глужд како и оние ниски модели.

Louis Leeman Louis Leeman

Гареријата е обемна, почнете да разгледувате и одберете го совршениот модел.

Објавено:
4 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци