Елеганција и удобност во чекорењето со Bata и Geox оваа есен

11 септември 2014

Спортска елеганција, удобен чекор, тренди шик и софистициран изглед се основните предзнаци на новите есенски колекции на машки и женски чевли потпишани од етаблираните брендови Bata и Geox.

Стилскиот дијапазон е богат, почнувајќи од едноставни, минималистички чевли со ниска потпетица па продолжувајќи со чизми до глужд, но и такви до колена со висока потпетица. Следејќи ги актуелните тенденции, во основа потпетиците кај повеќето модели се подебели, но има и неколку исклучоци со елегантни тенки потпетици.

Женска линија чевли од Geox Женска линија чевли од Geox

Кај машките линии, преовладува спортската елеганција преку голем избор на чевли изработени од различни материјали, со интересни комбинации на принтови и бои. Дали ќе се одлучите за спортски патики или класични елегантни чевли, изборот останува на вас, а гаранцијата за удобен чекор ја потпишуваат Bata и Geox.

Машка линија чевли од Geox Машка линија чевли од Geox

 

 

Машка линија чевли од Bata Машка линија чевли од Bata

 

 

Женска линија чевли на Bata Женска линија чевли на Bata

 

 

Објавено:
11 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци