За првите есенски денови, Манго ја подготви својата есенска колекција чевли која изобилува со неколку класични, но и ексцентрични модели.

Па со оглед на широката стилска рамка, веруваме дека во оваа колекција својот омилен пар чевли ќе го пронајдат девојки со различни стилски преференции.

Кратки и чизми до глужд, класични салонки, „block heel" потпетици, балетанки со шпицест врв се само дел од изборот чевли, претежно обоени во земјени тонови: кафеави нијанси, црна, црвена, беж...

Одлично може да се комбинираат со бохо парчиња, но и со класични и деловни аутфити.

 

Објавено:
26 јули 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.292 пати