Еспадрилите што девојките ќе ги обожаваат ова лето

19 април 2017

Последните неколку сезони еспадрилите се едни од омилените модели на девојките кога станува збор за задолжителни чевли во лето.

Имено, станува збор за чевли кои се неверојатно удобни и лежерни, особено во топлите денови кога посакуваме да не носиме буквално ништо.

Можете да ги носите со голем број на комбинации, без разлика дали станува збор за некоја поелегантна за на работа, или пак некое лелеаво фустанче за на плажа.

Секоја година познатите брендови нудат голем број на нови модерни модели кои ги обожаваме, а тоа е случај и со претстојната топла сезона.

Брендот „Es Par Ta“ чии модели можете да ги најдете ексклузивно преку сајтот Moda Operandi, сезонава ги нуди најслатките модели еспадрили во неколку бои.

Истите можете да ги добиете во црвена и сина боја и неодолив принт во пруги, а големата панделка на средината прави тие да бидат уште попривлечни.

Иако овој мал шпански бренд е релативно нов и непознат, се чини дека токму оваа колекција за брзо време ќе го лансира во ѕвездите.

Она што е особено значајно за овие еспадрили е тоа што се направени од висококвалитетен памук, а секој чифт е рачно доработен во Шпанија.

Објавено:
19 април 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.347 пати