Еве што предлага Лубутан за Денот на вљубените!

27 јануари 2015

Омилениот Кристијан Лубутан на сите негови обожавателки им ја претстави лимитираната колекција чевли и чанти по повод Денот на вљубените.

Во истата, ќе можете да најдете неодоливи рамни чевли, но и ултра високи потпетици со препознатливиот симбол на љубовта – срцето!

Впечатливиот симбол на љубовта ќе го видите и на сандалите што Лубутан ги подготви за сите обожавателки на комфорот, но и на останатите модни додатоци како паричници и шармантни вечерни чантички.

Лимитираната колекција чанти и чевли ќе биде достапна веќе од почетокот на следниот месец, а со оглед на тоа што се ближи и Денот на вљубените, веруваме дека парчињата од колекцијата многу брзо ќе ги снема од полиците.

Цените на парчињата почнуваат од околу 690 американски долари за паричниците, па сѐ до 1.100 долари за чантите и потпетиците.

Објавено:
27 јануари 2015
Категорија: 
Модни додатоци