Фантастична колекција на Луј Витон инспирирана од генијалците во уметноста

13 април 2017

Деновиве во модните кругови главна атракција е новата кампања на луксузниот француски бренд Луј Витон. Резултатот од нивната соработка со современиот уметник Џеф Конс е фантастичен.

Се работи за кампања за нова колекција чанти на која се пресликани култни уметнички дела од генијалните уметници: Да Винчи, Ван Гог, Рубенс, а колекцијата е насловена „Louis Vuitton Masters Collection".

За атрактивноста да биде уште поголема, во овој проект беа ангажирани и светски познати ѕвезди како: кејт Бланшет, Џенифер Анистон, Миранда Кер, Мишел Вилијамс, Џенифер Конели и други.

 

Објавено:
13 април 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
568 пати