Омилените Ray Ban конечно ја промовираа новата пролет/лето колекција во која сместија старо – нови модели уште подобри од оние кои веќе ги обожаваме.

Во новата колекција тимот дизајнери смести и фантастични нови модели препознатливи по кружниот облик и ретро изгледот по кој се познати.

Сите нови модели од колекцијата се создадени за сите уникатни момци и девојки со единствен идентитет и секогаш посебен стил.

Препознатливиот и ретро дизајн на Ray Ban очилата кај дел од моделите доаѓа и со малку модерни доработки што ги прават уште повеќе посакувани и неодоливи за топлите летни денови.

Во согласност со трендовите, брендот направи и нови модели со полароидни стакла за кои знаеме дека ќе бидат вистински хит веќе оваа пролет.

Доколку сѐ уште не се подновивте со очила за сонце за претстојната сончева сезона, во галеријата погоре можете да ги погледнете новите модели на брендот.

Објавено:
18 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.297 пати