Брендот Aleksander Siradekian е уште еден во низата луксузни чевли, но се издвојува од сите останати по специфичната естетика.

Тие имаат нова летна колекција чевли, а во истата сместија бројни модели со светки и популарните реси.

Не заборавајќи на удобноста, новите модели чевли тие ги украсија со прекрасни панделки од кадифе и тул, реси во задниот дел кај потпетицата, а дефинитивно највпечатливи од сите се рамните сребрени сандали кои ќе го украсат секој ваш стајлинг.

Како што ќе каже тимот дизајнери од модната куќа, чевлите се наменети за жени кои се подготвени за целосно различна естетика и имаат алтернативен поглед на актуелните трендови.

Во колекцијата, сите љубителки на модата ќе најдат по нешто за себе, почнувајќи од вртоглаво високи стилски потпетици па сѐ до едноставни рамни сандали украсени со реси.

Во галеријата погледнете ги сите модели од брендот и одберете го вашиот летен фаворит!

Извор: Buro 24.7.hr

 

Објавено:
11 јули 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
357 пати