Иако некако панделките секогаш нѐ потсетуваат на нежни летни парчиња, тоа не е случај оваа студена сезона.

Модните куќи како Долче и Габана, Москино, Шанел и Симон Роша ги вратија панделките овој пат поставувајќи ги на кошули и џемперчиња со долги ракави, на чантите, на свечените чевли, како и на бројни модни додатоци.

Највпечатливи од уличната  мода за време на модните недели дефинитивно беа девојките со овој украс кој за кратко време повторно стана еден од омилените меѓу девојките.

Овој моден додаток на суптилен начин ги краси кошулите како ултимативни парчиња во нашиот зимски плакар.

Покрај кошулите, бројните дизајнери и high street брендовите сезонава предлагаат и празнични чевли и фустани со панделки кои се вистински must have.

Овие парчиња се совршени за празничниот период и прославите кои доаѓаат со него, а доколку сѐ уште немате купено барем едно парче со панделка, тогаш време е да ја поправите грешката!

Објавено:
23 ноември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.168 пати