Глобален тренд: комбинациja од повеќе прстени на една рака

13 јануари 2014

Приоритетите во изборот на аксесоари се менуваат секоја сезона и во зависност од стилот: од масивен накит до микро трендови, но она што во последно време стана неодолив хит е комбинацијата од повеќе прстени на една рака.

Доколку таквите порано не асоцираа на традицијата на ориенталните земји, денеска станаа глобална преокупација. Ги форсираат и светските трендсетерки и блогерките во уличната мода.

Комбинациите може да ги селектирате со одредена тематика или да комбинирате златна и сребрена варијанта, но во секој случај веќе не постои само едно стандардно место, туку може да ги носите на различни делови од прстот.

Објавено:
13 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци