„Грубите“ чизми во центарот на модното внимание оваа сезона

5 октомври 2019

Сезонава особено ги обожува Ирина Шајк, а ги носат и сите популарни модни блогерки и инфлуенсерки.
Се работи за таканаречените „грди", груби чизми, што им ја земаа популарноста на „грдите" патики, барем кога е во прашање актуелната сезона.

Гломазни, кожени, војнички би бил наједноставниот опис што го доловува нивниот изглед. И да напоменеме – не се за секого!

Ќе изгледаат супер кул во стилот на девојките што преферираат таков имиџ, но веднаш ќе се примети доколку се „вештачки" имплементирани во нечиј стил, само затоа што се тренд.

Добар дел од светските модни куќи, меѓу кои Прада и Ботега Венета, во своите актуелни колекции имаат верзии на вакви чизми.

Најчесто се до под колена или до глужд, а доаѓаат во комбинација со нитни, каивчиња, на врзување или минималистички, без додатоци.

Еве како изгледаат комбинирани во изгледот на познатите стилски дами.

Објавено:
5 октомври 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.592 пати