Во пресрет на прекрасното и секогаш омилено лето, годишните одмори се дефинитивно нешто на што најмногу се радуваме. 

Популарните high street брендови кои знаеме дека вие ги обожавате веќе ги лансираа своите летни колекции во кои сместија фантастични модели на костими за капење. 

Еден од нив е секогаш омилениот H&M каде ќе ги најдете можеби најдобрите модели за ова лето направени од супер материјали и во многу бои. 

Брендот неодамна ја лансираше својата мини кампања „Sunshine Style“ во која смести неколку модели на дводелни и едноделни костими за капење наменети за оваа топла сезона. 

Во оваа мини колекција доминираат претежно нежни бои како бела, розова, сина, но има и модели со цветни мотиви кои се навистина прекрасни. 

Доколку сѐ уште не го најдовте вистинскиот модел на костим за капење во кој ќе блеснете ова лето, тогаш овие неколку супер парчиња се одличен избор за вас. 

Објавено:
13 јуни 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.828 пати