Голема е веројатноста ако сте обожавателка на чанти досега да сте го сретнале токму овој модел како дел од комбинациите на бројни девојки ширум светот.

Францускиот луксузен бренд Клое реши да го врати сјајот на една од нивните најпознати чанти, овозможувајќи ѝ една сосема нова и шик преобразба.

Нивната нова, The Drew чантичка е огромен хит оваа сезона, а и повеќе од сигурно е дека тоа ќе биде случај и претстојната сезона.

Таа е неверојатно модерна и префинета, а во исто време толку едноставна и лесна за комбинирање.

Стилските девојки најчесто ја комбинираат со нивните бохо стајлинзи, но и со вечерните елегантни изданија во кои таа одлично се вклопува.

Нејзината популарност неверојатно ја зголеми нејзината цена, па така за основниот модел денеска ќе треба да платите околу 1.000 евра.

 

Објавено:
29 август 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.057 пати