Десет години работa во светот на модната индустрија не се мал временски период, а Карен Вокер овој јубилеј одлучи да го одбележи на начин кој пред сè ќе ги израдува нејзините обожаватели. Имено, дизајнерката лансираше лимитирана колекција која се состои од десет нови модели на очила за сонце. Интересен е фактот што е земен по еден модел очила за сонце чиј дизајн бил специфичен во последните десет години и стилски се ре – креирани десет старо – нови дизајни.

Очилата за сонце имаат огледален ефект, а за колекцијата специјално е изработен славенички лукбук. Мали се шансите оваа кампања, да не измами насмевка на вашето лице, затоа уживајте во прекрасните фотографии и конфетите.

Објавено:
30 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци