13

Речиси да нема жена која не ги сака чизмите над колена и која во нив не се чувствува секси. Иако веќе неколку сезони се актуелни, кога ги носите треба да внимавате како ги комбинирате. Границата помеѓу секси и вулгарно е некогаш многу тенка.

1.Ако се одлучите за вакви чизми, никогаш немојте да покажувате премногу кожа. Мини здолниште е дозволено, но да не е прекусо. Во случај да се одлучите за мини фустан или здолниште, ногата од работ на чизмата до работ на фустанот треба да е 3-5 сантиметри. Ако просторот е колку вашата дланка тогаш сте претерале.

2. Кога ги носите овие чизми со панталони најважно е панталоните да се тесни. Не е важна бојата, дебелината или текстурата, важно е да се тесни, да ја пратат линијата на ногата. Широките панталони не ги ставајте во чизмите никако.

3. Тоа што важеше за мини здолништата, се однесува и на шорцевите. Кусите шорцеви не се опцја за со овие чизми. Можеби на познатите пејачки на сцена им доликува и делува ок, но во реалниот живот не.

Објавено:
2 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци