Кога Римјаните го пробивале својот пат кон север во германската провинција, тие изградиле тврдина (околу 90-тата година) наречена Салбург која била заштитна граница помеѓу Римската империја и териториите на германските племиња. На тврдината активно живееле Римјани се до 260-тата година.

Околу 19-от век оваа тврдина била откриена и повторно ископана, а потоа целосно реконструирана. Таа е сега под заштита на УНЕСКО и се смета за светско културно наследство. Во ископините се најдени бројни остатоци од тогашниот секојдневен живот на Римјаните, меѓу кои и чевли за кои се проценува дека се стари околу 2000 години и истите се сместени во Музејот на Салбург.

Според сајтот Romans across Europe, ова е еден од доказите дека токму старите Римјани се изумителите на чевлите со целосна обвивка.

Објавено:
20 јули 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
887 пати