ugg

Ако оваа есен или зима имате намера да си купите нови чизми, а притоа постојано мачите мака со плускавци и болни стапала, еве неколку совети за тоа како полесно да го надминете моментот на неудобност.

1.Носете ги чизмите по дома

Овој совет го знаеме уште од детството. Чизмите е најдобро да ги носите по дома со дополнителен пар чорапи. Тој ќе ве заштити од плускавци и ќе го забрза процесот на прилагодување на чизмите и стапалата. Чизмите на нозе, правосмукалкаа во раце и акција!

2.Наполнете ги чизмите со крпи

Звучи чудно, но делува. Кога не ги носите чизмите, ставете во нив завитката крпа за бања, за да се растегнат. Ова е одличен начин и да го сочувате обликот на обувките, затоа што после извесно време, тие се опуштаат и не стојат право како кога сте ги купиле. Со овој совет ќе бидат како нови.

3. Попрскајте ги со домашна мешавина

Наполнете боца со распрскувач со мешавина од алкохол и вода во однос 1:1, а потоа лесно попрскајте ја внатрешноста на чизмите Можете да ја искористите боцата за прскање цвеќиња или сретствата за чистење, но претходно добро исперете ги. Ова е истата формула која производителите на обувки ја користат за да ја растегнат и опуштат кожата. Постојат и разни спрејови за надворешниот дел на чизмите, односно за нивна заштита и чување, па зависно од материјалот од кој се направени чизмите, пронајдете и употребувајте го најсоодветниот.

4. Дозволете му на професионалец да ги растегне чизмите за вас

Вистинскиот чевлар треба да ги знае тајните на големите мајстори, за и самиот да биде голем мајстор. Токму тој ќе умее за помлаку од полина час да го реши овој проблем, брзо и безболно.

Објавено:
30 август 2013
Категорија: 
Модни додатоци