Откако ги сумиравме впечатоците од модните недели за сезоната пролет-лето 2017 од четирите модни метрополи, веќе може да дискутираме за тенденциите што ќе преовладуваат идната сезона.

Ако се фокусираме на накитот, тогаш дефинитивно обетките ќе бидат „must have" за идната пролет-лето сезона, и тоа во различни варијанти – од минималистички до масивни и впечатливи, со дизајн инспириран од различни култури, различни историски периоди, од природата или уметноста.

Сен Лоран на пример предлага обетки во издолжена форма со златни реси, Loewe се послужи со естетиката на „Star Wars", а Кензо пак дизајнираше раскошни обетки со кристали.

Баленсијага

Но, исто така дизајнерите во своите последни колекции значително внимание посветија и на огрлиците, што следната сезона довиваат помасивен дизајн и во нивниот случај не важи максимата „Помалку е повеќе".

Александар Меквин

Во колекцијата на Александар Меквин впечатливи беа ланчињата со композиција од ѕвончиња додека пак кај Живанши дури и во целиот аутфит акцентот беше ставен на масивните ѓердани со предимензионирани украсни камења, Гучи пак своите комбинации ги финишираше со блексав накит исто така во предимензионирани форми.

Во галеријата погоре може да видите каков накит предлагаат дизајнерите за идната сезона.

Објавено:
10 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
635 пати