Каква чанта ви одговара според хороскопскиот знак?

20 септември 2018

Секоја дама си има своја омилена торба која обожава да ја носи и постојано купува слични, но дали некогаш сте се запрашале што хороскопот вели за тоа?

Изборот на соодветна чанта секогаш зависи од пригодата, потребите и комбинацијата во моментов, но некогаш се вљубуваме во некои парчиња на прв поглед, што сите овие правила повеќе не важат.

На дамите што работат и имаат многу обврски во текот на денот, секогаш им треба некоја голема чанта во која ќе им собере сè што им е потребно, за специјалните настани ни треба нешто помало и впечатливо, за лежерните денови некои поедноставни модели.

Ако можеби сè уште не сте го пронашле моделот на чанта кој целосно ве освоил, тогаш да видиме што хороскопскиот знак има да каже за тоа.

Овен

-Торба во која ќе соберете сè што ви е потребно за денот, односно доволно голема за сè она од што сте зависни.

Бик

-Рачно изработена чанта од мека кожа со класичен облик.

Близнаци

-Модел кој е совршен спој на голема чанта во која ќе собере сè и необичен модел во едно.

Рак

-Голема и квалитетна кожена торба која ќе ја носите со години.

Лав

-Забавна торба доволно практична за прошетка и одлична за состанок.

Девица

-Во вашата торба мора да собере сè, па затоа секогаш одбирате големи модели.

Вага

-Неодлучните ваги секогаш се двоумат помеѓу некоја уникатна и слатка чанта за преку рамо, но сеогаш им е тешко да одлучат.

Шкорпија

-Шкорпиите сакаат едноставни работи, па елегантната црна торба е одличен избор за нив.

Стрелец

-Авантуристичкиот дух на овој знак му наметнува постојано да бара нови и специјални чанти.

Јарец

-Обожаваат софистицирани работи, па една ваква чанта е задолжителна во нивниот плакар.

Водолија

-Модели кои може да се носат и преку рамо, но и во рака.

Риби

-Торбите со реси или други додатоци се нивните омилени.

 Инфо и фото: Miss 7

Објавено:
20 септември 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
800 пати