Какви чанти навистина им се потребни на жените

12 ноември 2013

Promotions-hot-trendy-2013-all-match-fashion-chain-women-s-handbag-messenger-bag-8181-free-shipping

Ако имате потешкотии со усогласување на облеката и чантата или ја купувате секоја чанта што ќе ви се допадне, без оглед на тоа дали ви треба или не, тогаш прочитајте ги следните совети.

Во чантие е лесно да се вљубиме на прв поглед но морате да бидете реални, затоа што во спротивно ќе изгубите многу пари на чанта која нема често да ја носите, а кои сте можеле да ги потрошите на облека која навистина ви е потребна.

Наместо да „паѓате“ на чанти кои изгледаат супер, но нема каде да ги носите, можеби би било повеќе мудро да си купите некоја чанта во неутрални бои како црна, смеѓа, беж или бела. Тие бои соодветствуваат апсолутно со се.

Таквите чанти можат да бидат многу шик, па можете да ги пронајдете во најразлични стилови. Важно е да одберете чанта која му прилега на вашиот стил, затоа што навистина ќе ја носите, а нема да ви биде декор во собата.

Пред да купите чанта, поставете си ги следниве прашања:

-Дали чантата ми треба како моден додаток или за практични нешта?

-Колку често ќе ја носам?

-За кои пригоди ми треба?

18095_546852938673250_719079035_n

Ако чантата ви треба како моден додаток, нешто што ќе го истакне вашиот изглед, тогаш изберете:

-Помала чанта за да избегнете прекривање на облеката

-Деталите кои не се обични. Изберете нешто тренди и што привлекува внимание

torba-1

Ако чантата ви треба за практична намена, за да ги носите сите работи кои ви се потребни на работа или во училиште, тогаш барајте:

-Големи чанти со доволно простор во кој ќе ви ги собере шминките, марамчиња, мобилен, паричник, роковник и се останато што ви е потребно

-Меки чанти - односно чанти од материјали кои лесно се превиткуваат

-Едноставни чанти - избегнувајте комплицирани закопчувања, украси, затоа што чантата за секојдневна употреба треба да биде едноставна и практична, па складно со тоа да има и таков дизајн.

Објавено:
12 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци