Шапките се едни од задолжителните модни додатоци во летниот период. Без разлика дали се подготвувате за одмор или пак ја осмислувате вашата нова комбинација, не заборавајте ја шапката. 

Токму затоа, во продолжение ви ги презентираме дел од најпопуларните шапки летово.

 

„Овошни шапки“ - тотално асоцираат на лето и забава. Така, ако размислувате за одмор, а притоа сакате нешто впечатливо и откачено, овие шапки можат да бидат вашиот прв избор.

 

Шапки со натписи - веќе неколку лета, овој моден додаток е меѓу најактуелните и воедно најомилен меѓу модните блогерки. Отстапуваат од стандардните модели, а повторно поради пораката се интересни и впечатливи.

 

Шапки со широк обод - од најновиот модел - шапката на Жакемус, до класичните големи шапки со широк обод, ако сакате убава сенка и заштита, нема потреба да се двоумите. Изгледаат софистицирано, женствено, елегантно.

 

Мали шапки - Мали сламени шапки со лента или некој украс се урбана варијанта на овој моден додаток кој можете да го имплементирате и во секојдневниот изглед. 

 


- совршен избор за дамите што ја негуваат елеганцијата. Ако сте од помладите генерации, прашајте ги мајките или бабите за шапките што ги носеле на пример додека летувале на Јадранот. Ако чувате некоја таква, не двоумете се да ја искористите максимално летово.

Во продолжение, погледнете дел од нашите предлози што веруваме ќе ве инспирираат:

 

фото извор: pinterest.com;

Објавено:
18 јули 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
465 пати