Каубојските чизми од Елена Лука се ултимативен хит за сезоната што доаѓа

15 август 2019

Есента доаѓа многу скоро, а тоа значи дека треба да почнеме да се подготвуваме за сите нови трендови што ќе бидат хит во претстојната сезона.

Еден од нив се и каубојските кожени чизми во кои девојките се вљубија на прв поглед, а трендсетерките веќе ги вметнуваат и во стајлинзите од последните денови од летото.

Истите се како создадени за преодната сезона, а совршени се за комбинирање со сите есенски парчиња кои едвај чекаме да ги носиме.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elena Luka (@elenaluka_official) onJul 29, 2019 at 3:53am PDT

Токму ваков модел чизми ќе најдете во новата линија на луксузниот македонски бренд Елена Лука, Elena Luka Basic.

Чизмите доаѓаат во шармантна кафена боја препознатлива за омилената есен, а дополнително се украсени со кожени детали од животински принт на неколку места по површината.

Познатата модна куќа предлага и неколку стајлинзи во кои можете да ги вметнете и секогаш да изгледате уникатно и впечатливо во било која сезона.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elena Luka (@elenaluka_official) onAug 6, 2019 at 3:13pm PDT

Сите комбинации се составени од фантастичните парчиња од новата колекција на брендот која сега веќе е достапна во ателјето во Капиштец, но и на онлајн продавницата.

Првата е составена од сино фустанче со бели точки со долги ракави и карнер во долниот дел кое можете да го носите на работа во комбинација со урбаните чизми и да изгледате и да се чувствувате супер впечатливо.

Втората е целосно црна комбинација составена од романтична кошула од тантела со карнери на страните и куси црни панталони кои во комбинација со тренди чизмите на брендот изгледаат ултра шик.

Доколку пак сакате нешто полежерно во првите есенски денови, Елена Лука предлага црно фустанче со должина до глуждовите кое изгледа неодоливо во комбинација со куса тексас јакничка и чанта во кружна форма, надополнето со чизмите кои се хит број еден во светот.

Без разлика што и да одберете, овие тренди чизми на секоја ваша комбинација ќе и дадат посебна шик нота, а нивниот несекојдневен изглед ќе ве направи уникатни.

Набавете ги онлајн во големината што ви одговара или пак посетете го салонот на Елена Лука во Капиштец и направете си целосна есенска комбинација.

Објавено:
15 август 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
636 пати