„Kitten heels“ се нашите симпатии за претстојната сезона

21 август 2018

Популарните „kitten heels" односно романтичните чевли на ниска елегантна потпетица, се вбројуваат меѓу најобожуваните тенденции и за претстојната сезона.

Веќе одреден период, овој дизајн на чевли е актуелен и во уличната мода, а своја верзија има кај повеќето луксузни модни брендови: Баленијага, Гучи, Џими Чу...

Изборот е неодолив, па оваа есен ќе имаме можност да бираме од чизми до глужд до полутоворени сандали.

Одлично се вклопуваат во ретро шармот на трендовите што ќе бидат актуелни сезоната што ни претстои, па лесно ќе ги комбинираме со пенсил здолништата со висок струк, женствените макси фустани, џинс комбинезоните или килотите, како парчиња што веќе се издвојуваат во новите есенски колекции на модните етикети.

 

Објавено:
21 август 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
465 пати