Идеален модел на чанти за коктел забава или празнична журка се клач чантите.

Мали и практични, а истовремено во толку различни впечатливи варијанти, што може да ги планирате и како главен моден додаток во празничниот изглед.

Оваа сезона особено се популарни клач чантите во геометриски форми, изработени од кадифе што дополнително го оплеменуваат свечениот изглед.

Но, ниту една празнична сезона не поминува без клач чанти во „глитер" варијанта или оние со металик сјај, што секоја година за време на празниците се сигурен избор и одлично се вклопуваат со елегантните макси фустани, женствените комбинезони или атрактивните одела.

Фото извор: popsugar.com

Објавено:
30 ноември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
492 пати