Францускиот моден креатор Жан Пол Готје во својата пролет/лето 2014 колекција ќе ги вклучи и овие необични чанти, кои привлекуваат внимание.

Малите клач чанти, но во цилиндричен облик што потсетува на лименка, се украсени со светлуцави камења и кожа на рептил. За удобноста и практичност при носењето, чантите поседуваат и долги рачки, чија должина може да се регулира.

Се претпоставува дека овој моден додаток ќе биде вистински хит и одличен во речиси секоја модна комбинација. Доколку не експериментирате со облеката и се тип што ги претпочита покласичните варијанти, тогаш оваа чанта е совршен додаток, со кој ќе внесете живост и смелост.

Погледнете дел од моделите од оваа пролетна колекција.

moda-grazia-fashion-Jean-Paul-Gaultier-torbice-1 (2)

moda-grazia-fashion-Jean-Paul-Gaultier-torbice-1 (3)

moda-grazia-fashion-Jean-Paul-Gaultier-torbice-1 (4)

moda-grazia-fashion-Jean-Paul-Gaultier-torbice-1 (5)

Објавено:
24 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци