Класика: Пет модели на чизми што би требало да ги имате во вашиот плакар!

19 септември 2014

Веќе знаеме дека секоја сезона со себе носи различни и постојано нови трендови, но кога говориме за есента и за чизмите, кои се вистинските класици што би требало секоја жена да ги има во својот плакар за чевли?

Секогаш почнете со чизмички во црна боја, кои веќе знаеме дека се задолжителни бидејќи можете да ги комбинирате со сѐ – со есенските бохо фустани, со тесни фармерки, со здолништа, со романтични фустани и со што уште не...

Како и оние едноставните црни, така и рокерските чизмички се подеднакво посакувани кај женската популација. Тие особено ќе го истакнат вашиот моќен карактер и уникатност, но и чувството за моден бунт секогаш кога ќе се заситите од монотонијата и униформираноста.

Чизмите со должина над глуждот и со потпетица, се идеални за одлични есенски и зимски комбинации, односно за оние денови кога сакате дополнително да го истакнете целосниот изглед или пак вашата фигура.

Високите чизми се одличен сојузник на вашите зимски мини здолништа или пак фустани, но тие се добри пријателки и на тесните фармерки, кога на суптилен начин ќе ја истакнат вашата линија и ќе и дадат секси нота на секоја ваша комбинација.

И последни, но не и помалку важни, се бохо чизмите. Тие ќе бидат вашиот верен сојузник во летните денови и во текот на летните фестивали, а ќе обожавате да ги носите и во есенските денови во комбинација со тренди куси панталончиња и долги кафтани или волуменозни капутчиња.

Објавено:
19 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци