Кога се двоумите – одберете чизми до глужд

29 септември 2015

Во овој транзитен сезонски период, честопати сме ставени во ситуација кога се двоумиме околу изборот на облека или чевли, токму поради променливото време.

Сезоната помеѓу балетанки и високи чизми е резервирана за чизмите до глужд. Иако не се исклучок дури ни во летната сезона, кога обожаваме да ги комбинираме со мини здолништа, кратките чизми совршено се вклопуваат токму во нашиот есенски и слоевит аутфит.

Особено актуелни и оваа година ќе бидат мото чизмите, но и чизмите со реси во бохо стил во сите нијанси на кафеавата боја, како и лакованите модели.

Објавено:
29 септември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.712 пати