Кои чевли се поздрави ниските или високите?

29 октомври 2013

high-heel-shoes-women

Кога бираме обувки, најчесто купуваме чевли кои ќе ни изгледаат најубаво и кои се најмодерни, но прашање е дали тоа е единствениот услов кој треба да ни е важен.

Познато е дека модата и удобноста честопати не одат заедно. Тоа посебно се однесува на женските чевли. Исто така, постојат два типа жени. Оние кои секојдневно носат чевли со високи потпетици, а многу ретко носат рамни чевли и жени кои носат рамни чевли, а само во ретки пригоди чевли со високи потпетици.

Кои е поздраво да се носат?

Високи потпетици и платформи

Best-Shoes-Spring-2013

Долготрајното носење високи потпетици може да предизвика бројни проблеми на стапалата, од хронични болки, деформирање на коските на петата, истегнати или исчашени глуждови... Неприродната положба која ја имаат нозете во чевлите во претерано високи потпетиви, создаваат преголем притисок на страничните јаболчници на нозете, што може да предизвика и воспаление на мускулите. За да го избегнете тоа, не купувајте обувки со потпетици кои се повисоки од 5-7 сантиметри.

Чевлите со високи потпетици и платформи можат да ги оштета и лигаментите, затоа што не ја даваат доволната стабилност на ногата. Тоа посебно се однесува на тесните пети. Ако навистина сакате да си дозволите високи потпетици, тогаш нека биде модел со подебела и постабилна пета.

Чевли со шпиц

Trendy-Shoes-for-Women

Овие секси чевли можат да предизвикаат тешки деформации на стапалата или плускавци. Деформацијата се јавува поради постојан притисок на предниот дел од стапалата. Тука е и деформацијата на прстите кои почнуваат да се извиткуваат кон навнатре, која се појавува после долгогодишно носење на шпиц-чевлите.

Овие деформации можат да предизвикаат силни болки и грчеви во стапалата, а можат да се ублажат или излечат со оперативен зафат. Но, за да ги спречите овие проблеми, купувајте чевли со позаоблен преден дел, затоа што во нив положбата на прстите ќе биде природна, а не стегната.

Балетанки

2013-New-Classic-White-Black-Color-Blocking-Women-s-Ladies-Flat-Shoes-Slip-On-Loafers-Pointed

Рамните чевли и балетанки можеби се обувки кои најдобро им удоволуваат на стандардите на модата и удобноста, но тоа не мора неопходно да значи дека се и најздрави за нозете. Нивниот најголем недостаток е што не даваат потпора на лакот на стапалото, што може да резултира со спуштени или рамни стапала, како и проблеми со 'рбетот. Исто така, можат да се јават проблеми со колковите, колената и грбот. За среќа, решението за овој проблем е многу едноставно. Набавете си ортопетска влошка кој ќе може да ги намали болките во стапалата.

Влечки и сандали

metallic-nude-sandals

Нема попрактични од летните обувки, но тие минимално ги штитат и ги држат вашите стапала, затоа што поради отвореноста се мошне подлежни на повреди и ортопедски проблеми. Постои можност ногата да се извлече од обувката, особени оние кои немаат многу ременчиња или пак се многу високи.

Заклучокот е дека ниту едните ниту другите се сосема здрави за нашите нозе. Идеална големина на потпетици е 5 сантиметри, а кога се рамните чевли во прашање, тогаш ортопедските влошки се задолжителни.

 

Објавено:
29 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци