Која е разликата помеѓу костим за капење од 13 и од 300 долари?

13 август 2019

Во текот на летната сезона, жените се во потрага по идеалниот костим за капење. Сепак, колку и да звучи чудно, не секогаш е лесно да се најде тоа што ќе ни одговара на телото, но и на џебот.

Честопати сме се соочиле со ситуацијата да ни се допаѓа некој модел, но да не можеме да си го дозволиме. Генерално, многу од жените често си го поставиле прашањето зошто костимите за капење се толку скапи. 

Токму во продолжение следи одговорот. Направено е истражување во кое учествувале лица од Модниот институт за технологија, како и сопственици и дизајнери на костими за капење, а кое имало за цел да покаже која е разликата помеѓу костим за капење кој чини 13 долари и оној што чини 300 долари.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sports Direct Women’s (@sportsdirectwomens) onAug 13, 2019 at 12:40am PDT

 

Еве го резултатот:

1. Тајната е во материјалот

Не е некое изненадување дека различната цена зависи од материјалот од кој е изработен моделот. Цената на материјалот, неговата еластичност, цврстина ја одредуваат финалната цена.

„Генерално, сите костими за капење денес се направени од ткаенина со голем процент на еластин, спандекс или ликра, со помош на кој се развлекуваат и обликуваат на секое тело. Ви треба добро квалитетно предиво и доволен број рабови на инч (2.5 сантиметри), за подобра издржливост, а тоа влијае на цената. Доколку некој сака да ги редуцира трошоците, ќе ги намалат рабовите на сантиметар, но на тој начин ќе се намали издржливоста на моделот, која реално ви е потребна.

За подобро да ја разберете важноста на рабовите, во истражувањето се прави споредба со намалените рабови при изработка на панталони, што може да доведе до нивно пукање при наведнување. 

Така, евтиниот костим за капење со намален број на опшивувања може да издржи неколку носења. Но, ако ви е за краткотрајна употреба, како фустан кој што го облекувате само еднаш за некоја забава, тогаш не ни морате да се фокусирате на квалитетот.

Ако купувате костим за капење кој всушност го обликува и го „држи телото под контрола“, тогаш цената ќе биде повисока, бидејќи е употребена погусто ткаена ткаенина, дополнители слоеви или слично.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Natalia Popis (@nate_popis) onJul 8, 2017 at 2:04am PDT

2.Секој шав е битен

Шиењето е исто така важен сегмент при оформувањето на цената. Особено е важно кај парчињата со еластин, затоа што треба да биде цврст дури и кога ткаенината ќе се развлече. Тоа пак, бара да се обрне повеќе внимание на деталите, што пак бара повеќе време и пари што доведува до поскап костим за капење. Можеби ви звучи незначително дека некои костими имаат 12 наместо осум раба на инч (2.5 сантиметри), но тоа навистина прави голема разлика.

Разликата ќе ја видите и доколку растегнете три или четири костими за капење со различна цена. 

Иако стручњаците велат дека имајќи го ова предвид вреди да се инвестира во поскап костим за капење, сепак имаат совет и доколку нависитна не можете да си го дозволите.

-За да не се соочите со транспарентен костим, кој посебно откако ќе влезете во вода, открива многу повеќе од потребнете, одберете модел кој има густ принт, каде транспарентноста ќе се сведе на минимум и визуелно ќе го одвлече погледот од критичните места.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KappaCrew Swimwear™ (@kappacrew.official) onJan 31, 2019 at 10:07am PST

 

3.Да, и името на брендот придонесува за повисока цена

Некои брендови имаат помалку модели, но повисоки цени и така заработуваат, тоа е брендинг стратегија, со која сакаат да прикажат дека се полуксузни од некои други. Во овој бизнис има многу посредници. Големиот бренд ќе ја продаде лиценцата на трета страна, која пак е поврзана со 10-15 други брендови, кои пак вработуваат трети лица за да ги презентираат тие брендови на големите продавачи... Во секоја фаза на синџирот, партнерите земаат процент од продажбата.

 

На крајот, заклучокот е дека разликата во цената зависи од густината и квалитетот на материјалот, бројот на рабови, но и брендот. 

Па доколку сега ве очекува одмор и потрага по совршениот костим за капење, имајте ги овие работи на ум.

Објавено:
13 август 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
7.127 пати