Сара Џесика Паркер најмногу ќе ја паметиме по улогата на Кери Бредшо од „Сексот и градот“ и нејзината страст кон чевлите. Во февруари минатата година лансираше линија обувки која ги освои жените ширум светот. Во сличен манир на нејзиниот омилен Маноло Бланик, Паркер понуди сандали и чевли на високи потпетици во неутрални бои.

За страста кон чевлите, колку чевли поседува таа дома, се само дел од работите за кои зборува во краткото интервју за Harper’s Bazaar, а кое ви го пренесуваме во продолжение:

Каков тип на жена сте – онаа што ужива во рамни обувки или гордо чекори во високи потпетици?

-Никогаш не сум се доживувала како некој посебен тип на жена. Мојата работа е таква да носам и рамни и високи, во различни бои, од различни декади, векови и слично. Животот и времето ми диктираат што ќе носам. Ако ги носам децата на училиште и е средина на февруари на пример, тогаш носам чизми. Ако пазарувам во супермаркет, за вечера или намирници за дома, тогаш носам нешто во што брзо и удобно можам да ги пропатувам улиците. Денеска, навистина сакав да блеснам и да изгледам најдобро што можам. А сè почесто чувствувам дека високите потпетици многу помагаат во тоа... Но, повеќе се работи за приказната што комплетно сакате да ја раскажете отколку за висината на потпетицата. Многу жени не можат да носат високи потпетици, но се многу дотерани и во рамни обувки.

Постои ли некое искуство поврзано со чевли што ќе го паметите засекогаш?

-Не баш... Имам многу од нив. Сум носела толку многу чевли, колку што повеќето луѓе не носат за еден живот. Имав многу различни искуства на различни места од оваа планета, носејќи различни чевли – стари, нови, од писта, па дури и директно соблечени од нозете на некој друг.

Колку чевли поседувате?

-Не многу. Не сум голем купувач или купохоличар. Купувам винтиџ обувки, но морам да признам дека сум од оние жени што ги чуваат чевлите многу долго време. Кога купувам чевли размислувам дали е вредно за тешко заработените пари и дали ќе вредат и за три-четири години. Така купувам јас и на тој начин ги создавам и чевлите со мој потпис.

Можете ли да се сетите на првите чевли по кои сте копнееле?

-Го запознав Џорџ Макемус, мојот сегашен бизнис парнер, во една од продавниците на Маноло Бланик во Лос Анџелес. Беше тоа средина на 1980-тите.  Користев кредитна картичка и немав никаков бизнис за да си овозможам куп чевли, бидејќи многу ги сакав. Исто така, тоа не беа чевли што ги знаев во тоа време, за да копнеам по нив, дури не го познавав ни Маноло Бланик. Само знаев дека тие чевли ми се допаѓаат. Многу од луѓето во оваа земја не го познаваа и не знаеја кој е. Не можев да си го дозволам тоа што го купив. Но, кога видов во неговото шоу дека постои понуда за нив, веднаш ги засакав. Тоа беше мојата прва инвестиција кога се чевлите во прашање. Но, не знаев дека тоа го сакам, сè додека не ги видов. Значи, немав замислен модел, или нешто слично на тоа, па да копнеам...

Што е потребно за едни чевли да бидат иконски?

-Не знам, ми изгледа дека зборот иконски го користиме како и секој друг проклет збор. Го трошиме и го „лепиме“ на премногу работи. Сметам дека кај чевлите она што е иконско е нивното прво појавување. Исто така, сметам дека во последните 10-15 години постојат многу иконски моменти. Пазарот на обувки и категоријата чевли станаа многу повеќе дел од конверзација, како што тоа го правеше Маноло низ годините, или она што Меквин го правеше на пистата, начинот на кој го користи театарот, кинеската опера и работи слични на тоа.

Кој е Вашиот омилен момент од „Сексот и градот“, а поврзан со обувки?

-Со лик што е многу потресен за нешто, е тешко да се рече. Имаше многу. Мислам дека луѓето го паметат, сакаат и зборуваат многу за моментот кога Кери ги гледа Manolo Mary Janes чевлите во плакарот на Vogue и вели: „О, Боже, мислев дека ова е урбан мит“. Сметам дека тоа беше многу забавен и паметен начин да се зборува за нешто што некому е љубов, занесеност, залуденост...Но, дава и еден вид проникливост, пишувањето и фактот дека „големите“ чевли навистина постојат... Го знаев тоа, затоа што позајмив едни за еден настан, а на крајот завршив купувајќи ги. Но потоа, еднаш, ги видов истуте во плакарот на Vogue и тие не беа уништени. Моите беа натопени од дождот, и трчав низ градските блокови во тие чевли. Така што, кога Кери ја изговори таа реченица, јас бев во стилот: „Комплетно те разбирам“:

Објавено:
24 септември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
5.709 пати