Конечно: Пристигна колекцијата накит инспирирана од „Злобната вештерка“!

27 мај 2014

И додека сите се во исчекување на официјалната премиера на загарантираниот кино хит „Злобната вештерка“ со фантастичната Анџелина Џоли, Дизни во соработка со Crow’s Nest Fine Jewellery ја лансираше колекцијата накит инспирирана од филмот.

Истата се состои од седум парчиња одличен и уникатен накит, меѓу кој прстени, бразлетни и обетки.

„Инспирацијата за целата колекција е секако доаѓа од клучните елементи на филмот. Секое парче е направено од висококвалитетен метал со црни дијаманти и во форми кои што се препознатливи за филмот и кои се можеби олицетворение на Злобната вештерка“, вели дизајнерот Даниел Белевич.

Инспириран од клучните мотиви во филмот како оганот, змејовите, трњата и пердувите, но и од самите костими и материјалите и изработката на истите, Белевич почнал да го создава накитот.

Парчињата имаат почетна цена од околу 2.500 долари, а некои од нив достигнуваат и 13.500 американски долари. Самиот дизајнер ќе каже дека сите тие се многу квалитетни, модерни и уникатни, но и комплексни, како и самата Анџелина Џоли во филмот.

„Таа овојпат имаше задача да одигра еден темен лик, но со неверојатна убавина во него. Мислам дека не многу луѓе ја разбраа и сите ние може да научиме нешто од неа. Се надевам дека мојата интерпретација на нејзиниот карактер, успеа да го претстави она што јас сакам да го покажам – дека се работи за еден можеби темен и мистичен лик, но истовремено неверојатно убав“, вели Даниел.

Објавено:
27 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци