Костимот за капење што ќе го одбележи крајот на летото

17 август 2016

Суки Ватерхаус деновиве важи за девојката со најубавиот костим за капење на Инстаграм! Популарната трендсетерка на социјалната мрежа објави фотографија во фантастичен костим за капење во зелена нијанса со жолти карнери кои се тотално неодоливи.

Костимот за капење што го носи актерката и манекенка е од колекцијата на модната куќа Hunza G, а станува збор за посебна колекција која дизајнерката Пандора Сајкс ја креираше кон почетокот на летото.

Нејзините костими за капење беа вистински хит во текот на целото лето, а ги обожуваат и познатите трендсетерки меѓу кои и Суки.

Таа одбра неодоливо парче од нејзината колекција инспирирано од боите на Рио и целосно во духот на Олимписките игри.

Како ви се допаѓа?

Објавено:
17 август 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.386 пати