Кристијан Лубутан: 10 чевли кои секоја жена мора да ги има

28 јули 2017

Сите знаеме дека неговите креации се одраз на сексапилност и женственост, а чевлите со црвен ѓон, кој впрочем се негов заштитен знак, оставаат јасна порака каде и да се појави.

IMG_001_001

Рамни сандали

Кога посетувам некоја земја, секогаш обрнувам внимание на ракотворбите. Ткаенината на овие сандали е направена од слепи свештеници во Египет. Кога ги дизајнирав овие чевли, помислив на Брижит Бардо. Во шеесетите години таа беше симбол на слободата.

Чизми за излегување

Чизмите ја зголемуваат самодовербата на секоја жена бидејќи таа со носењето добива чувство на сигурност. Но моите се направени од чипка, па откриваат малку повеќе од предвиденото. Посебно внимание ми привлече една девојка која ги имаше искомбинирано со кратки тексас панталони и изгледаше прекрасно. Секогаш ми е новитет кога  ги гледам моите чевли како шетаат покрај мене на улица.

Чевли со отворени прсти, беж боја

Секоја жена треба да има чевли со висока потпетица во беж боја. Ако добро ја погодите нијансата,чевлите стануваат едно со силуетата. Доколку сакате да го истакнете деколтето, добро е да имате вакви чевли кои нема да го отргнат вниманието од вашето деколте.

Класични салонки

Неодамна во мојот салон дојде една елегантна дама која го проба “Pigalle” моделот. И се допаднаа, но мислеше дека во нив изгледа ефтино. Секако дека тоа не беше вистина – туку овој модел откокнуваа од  нејзиниот вообичаен стил. Подоцна истиот модел ги испроба исклучително секапилна жена која заклучи дека во нив изгледа елегантно.

Чевли со ремен

Овие чевли се посветени на Кејт Мос. Таа обожава да носи чевли со ремени кои напред се вкрстуваат. Ремените ме потсетуваат на чевли за танц, а најмногу го најгласуваат делот кој мене ми се доапаѓа – стапалото. Високата пета го менува држењето на жената и ја прави свесна за своето тело.

Рамни чевли

Да бидам искрен, на почетокот ги дизајнирав исклучително само за мажи. Не помислував дека и жените ќе ги сакаат. Кога колешките почнаа да се распрашуваат за нив, решив да ги вметнам во колекциите. Знам дека ќе звучам како продавач кога ќе кажам дека навистина добро изгледаат со фармерки. Балетанките се нежни  и потребно е да имате подруг ментален склоп за да ги носите. Се работи за затворена варијанта.

Чевла со став

Понекогаш сакате да го изразите својот став, а ова е совршена чевла за вас. Плус, ќе ве заштитат од секаков облик на агресија. Не размислував во текот на дизајнирањето, но сега гледам дека тие се чевла и оружје во едно. Мислам дека би биле совршени за Тина Тарнер и нејзините настапи.

Класични чизми

Моделот кој одговара секому, апсолутно им е потребен на сите. Нема разлика помеѓу дизајнирани чевли и чизми, само се работи за различна техника. При дизајнирањето никогаш не размислувам за рестрикцијата во производството – тоа би било премногу рестриктивно. За секој проблем, постои решение.

Чизми до глужд

“Belle” е модел до глуждовите, но не ги прикрива. Се работи за едноставен дизајн, но до сега немам слушнато некоја жена да каже дека може да живее без нив. Пропорционално се функционални, создаваат линија помеѓу нозете и стапалата. Проба правев на три различни модели  и дојдов до заклучок дека овие чизми одговараат на сите видови стапала. Тоа што посебно ми се допаѓа кај овој модел е заоблениот врв кој одговара на се.

Голема пета

Неодамна ја пеев песната “Aint No Mountain High Enough” но зборот планина го заменив со потпетица. Не постои потпетица која е превисока, барем така кажуваат моите муштерии. “Daffodil” е чевла со најголема пета која моментално ја изработувам – 16 см со платформа од 5 см. Овој модел треба да ги истакне деколтето и задникот. Чевлите се прекриени со кристали. Тие се совршени доколку ви е досадно и доколку не се наоѓате покрај камин или море. Можете со часови да се знаимавате гледајќи во кристалите.

Во продолжение погледнете ја новата колекција обувки од славниот дизајнер за пролет-лето 2013 година

Објавено:
28 јули 2017
Категорија: 
Модни додатоци