Круните на Долче и Габана се најбараниот моден додаток годинава

13 декември 2013

Најбараниот моден додаток сезонава, круната на Долче и Габана може да се најде на насловната страна на голем број модни списанија и како задолжителен аксесоар на познати личности, меѓу кои се музата на модната куќа Моника Белучи, Кејти Пери и хрватската пејачка Северина.

Цената на овие круни се движи од 1 400 до 4 000 американски долари, па поради големата продажба на овој аксесоар, италијанската модна куќа оствари голем профит и тоа само од модниот додаток кој беше дел од нивната есенска колекција. Понудата на моделите варира во зависност од буџетот кој купувачот може да го одвои за ова скапо задоволство, па поради тоа има едноставни позлатени модели, па се до оние кои се украсени со кристали од Сваровски.

Последната во низата насловни страни на која се најде круната на Долче и Габана е турскиот магазин  L'Officiel, а од нашето соседство тоа го направи Северина и тоа целосно гола само со круна на главата. Токму затоа слободно можеме да дојдеме до заклучок дека круната на италијанската модна куќа дефинитивно ја одбележа оваа година која полека но сигурно доаѓа до самиот крај.

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци