Веројатно кога ќе ги видите овие обетки веднаш ви текнува на единствената Џенифер Лопез која никогаш и не престана да ги носи, иако имаше период кога девојките како да ги заборавија.

Токму предимензионираните обетки ќе бидат вистински хит оваа пролет, доколку судиме по трендовите за накит и бројните колекции во кои се вклучени токму овие обетки.

Последен пат тие беа вистински хит некаде во 90 – тите години кога и да немаше девојка која ги вметнуваше во секоја можна комбинација.

Денеска тие се враќаат на голема врата и за разлика од 90 – тите, сега се украсени со разни детали, украси, бисери, реси, но има и такви кои се сосема минималистички и едноставни.

Дизајнерите сезонава промовираа голем број разни модели, па некои од нив изгледаат како недовршени и сосема уметнички, некои од нив имаат приврзок, а некои пак се составени од повеќе кругови.

Благодарение на големиот број брендови кои ги следат трендовите, девојките сезонава ќе имаат навистина голем избор, без разлика дали се вљубенички во минимализмот или пак секогаш сакаат нешто повеќе.

Можете да почнете да ги носите и сега со висока ролка, фармерки со висок струк и собрана ролка, а секако тие ќе бидат најпопуларни во топлата сезона што допрва доаѓа и која едвај ја чекаме.

Погледнете како девојките носат некои од моделите и уште денес одберете го вашиот фаворит!

Објавено:
25 февруари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.715 пати