LA FEMME – Нова колекција во Parfois што сосема ќе ве освои!

29 септември 2017

Во сезоната во која Parfois ги слави жените, брендот претставува колекција која ја истакнува индивидуалноста на секој од нас.

La Femme носи свеж и разновиден изглед во колекција со која се заборава на сивилото на зимата. Интензивните и живи бои  се спојуваат во колекција каде класичното и винтиџ деталите отвораат палета на креативност и нудат уникатни и впечатливи парчиња.

Секојдневните парчиња ги одминуваат бариерите и се претвораат во совршени додатоци – копчињата и шнолите за коса, помагаат во креирањето на незаборавен изглед за сезоната која доаѓа.

La Femme нуди еклектичен микс на материјали и детали: пластика, цветови, сатен, кадифе и метал, кои помагаат во создавање на доминантни и супер “cool” парчиња. Кај чантите, акцентот е на принтовите и материјалите, како и графичките детали/типографија. Колекцијата вклучува ранци, “shopper” торби, како и посвечени модели.

Накитот пак, е ретроспектива на 80-тите; големи копчиња кои се претвораат во обетки, разнобојни ленти кои се носат како алки или пак “choker” ланчиња. Марамите, во бандана стил, исто така доаѓаат во принтови инспирирани од минатото во црвена, сина и црна боја.

Очилата за сонце се украсени со златни ланчиња и доаѓаат во овална и мачкеста форма.

Колекцијата La Femme вклучува и парчиња облека – карираниот блејзер е вистинска ѕвезда на колекцијата, а подеднакво убаво изгледа кога се носи со фармерки или пак со некои поелегантни парчиња. Сепак, комбинацијата со бордо, спортки обувки – дел од истата колекција е едноставно неоддолива.

Оваа колекција е карактеристична по спротивностите – модерно наспроти класично, спортско наспроти елегантно; идеален тренд за жени кои се облекуваат за себе и кои имаат самоуверен став.

La Femme е прослава на слободата секогаш да се биде свој и на индивидуалноста на секоја жена. 

 

*спонзорирана објава - Fashion Group Macedonia

Објавено:
29 септември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.435 пати