Популарните очила за сонце „ленонки“ се едни од култните модни додатоци, на кои актуелните модни трендови не им можат ништо.

Иако многумина ќе кажат дека од малите оркугли, црни рамки нема ништо подобро, сепак во модната индустрија размислуваат поинаку.

За да ги прилагодат на сегашното време и трендови, популарните брендови ги изменија малку „ленонките“ и им дадоа нов изглед.

Сега се достапни и со стакла во други бои (жолта, црвена, сина, портокалова...), а тој тренд го наметна познатиот бренд за очила за сонце Ray Ban. „Прада“ и „Армани“ се одлучија исто така за боја, но уште повеќе да ги спојат рамките. И „Версаче“ има модели во тој стил, но додава боја и на рамките, не само на стаклата.

Погледнете ги и кажете ни, кој модел ви се допаѓа најмногу?

Версаче

Версаче

Ботега Венета

Кристофер Кејн

Дрис Ван Нотен

Линда Фароу

Линда Фароу

Прада Армани

Армани Прада Прада Ray Ban

Ray Ban

Ray Ban

 

Версаче

 

извор: fashionisers.com; buro247.hr

Објавено:
17 јули 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
779 пати