Иако љубовта треба да се слави секој ден, сепак месец февруари е оној симболичен месец посветен на вљубените двојки. Па од тој аспект, февруари е особено инспиративен и за модните дизајнери кои во пресрет на празникот на вљубените, Свети Валентин, секогаш лансираат капсулни колекции на тема: љубов.

Домашниот моден бренд Елена Лука во име на љубовта креираше мини колекција на модни додатоци и фустани, кои воедно се одлична идеја за подарок за вашите сакани.

Цена на брошевите: 350 денари.

Колекцијата се состои од брошеви со интересни пораки (Сакана, Љубовен брош, Love me tender, Lover и J'aitame), како и марами и фустани со ситен принт во форма на срциња.

За колекцијата е направен и интересен едиторијал со двете црвенокоси близначки Кристина и Елена, кои веќе имавме можност да ги видиме во неколку кампањи на Елена Лука.

 

 

 

Објавено:
4 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
558 пати