Во 2013 година, Кристијан Лубутан за првпат ја лансираше колекцијата „Nude“ и тоа со пет нијанси што кореспондираат со тенот на жените, од светол до темен.

Оттогаш, дизајнерот направи уште две нијанси и направи уште две колекции – чевли со висока потпетица и најновата за пролет-лето 2016 со балетанки.

Балетанките се направени од мека кожа и се достапни во седум нијанси. Лансирањето на новата колекција Кристијан Лубутан го одбележа и со неколку фотографии зад кои се потпишуваат Софија и Мауро.

Цената на новите омилени обувки на жените е 595 долари.

Објавено:
31 март 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.533 пати