Оваа сезона бидете најгламурозната верзија од себе со овие неодоливи модни додатоци од Liu Jo во секогаш омилената сребрена варијанта.

Доколку наскоро ви почнува свадбената сезона или викендите резервирани за разни прослави, тогаш ова е комбинацијата што мора да ја имате.

На вашите стајлинзи додајте им доза на гламур со овие сребрени чевли на висока потпетица кои се совршен партнер на неодоливата чанта во црна и сребрена светкава варијанта.

Можете да ги носите со голем број на комбинации, почнувајќи од малиот црн фустан, па сѐ до едноставните сини фармерки со сребрена шик блузичка.

Сребрените чевли се вистински безвременски модел што секоја девојка треба да го поседува, а кој ќе ви заврши голема работа во деновите кога сте без инспирација. Иако потпетицата можеби ви се чини висока, чевлите се неверојатно удобни и лесни за носење.

Мини чантичката со сребрено ремче е дефинитивно парчето во кое мора да инвестирате оваа пролет. Носете ја во комбинација со свечените комбинации, но не двоумете се и да ја вметнете во некој сосема лежерен стајлинг во кој ќе блеснете.

Она што секоја жена мора да го има и е нешто на што вистински треба да му посветите внимание при купувањето е соодветниот и впечатлив паричник.

Денешниот наш предлог е овој фантастичен паричник кој можете да го носите и како мини чантичка која ќе биде впечатлива во голем број комбинации.

Без разлика дали ќе се одлучите за сите три подеднакво прекрасни сребрени модни додатоци, или пак само за еден, дефинитивно нема да погрешите.

Објавено:
20 април 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
411 пати