Ако сте љубител на необичен накит, уште повеќе на прстени, тогаш сигурни сме дека тоа што го изработува канадскиот бренд за накит „Secret Wood“ ќе ви се допадне.

Тие создаваат прстени од дрво, смола и пчелин восок. Уште поинтересно е тоа што во себе имаат скриени светови.

Се прават исклучиво рачно, па со самото тоа не постојат два исти прстена. Магијата што ќе ја ставите на прстите е уникатна.

Оттаму велат дека често клиентите ги прашуваат дали прстените можат да се скршат. Доколку ја нарачате вистинската големина и се грижите добро за него, што подразбира да избегнувате долг контакт на прстенот со вода, ќе трае многу долго. Ако прстенот ви е премногу мал, односно тесен, може да се скрши при обидот да го извадите.

Што се однесува до цената, прстените во просек чинат околу 100 долари, а можат да се порачаат и преку интернет.

Објавено:
27 април 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
322 пати