Марамата како клучен моден додаток во есенскиот имиџ

3 септември 2018

Марамите изработени од пријатни и лесни материјали, се сметаат за клучен моден додаток во „есенската стилска униформа".

Може да ја комбинираме на бројни, различни начини, што е една од карактеристиките поради кои обожуваме да ја носиме.

Оваа есен акцентот е на марамите со животински принтови, како и оние со пруги, еднобојните, како и со апстрактни дезени.

Оние марами со поголеми димензии, ќе ги комбинираме со миди фустаните со нагласен струк со ремен, додека оние со помали димензии ќе ги носиме врзани околу врат, на рака или ќе ги комбинираме со омилената чанта со кратка рачка.

Издвоивме неколку интересни варијанти, како се комбинирани марамите во аутфитите во уличната мода.

Објавено:
3 септември 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.576 пати
Тагови: 
Марами