Масивни чанти за вашите деловни комбинации

6 февруари 2018

Деловниот аутфит најчесто доаѓа во комбинација со практична чанта во која ќе ги соберете сите оние деловни документи и предмети неопходни за вашите работни обврски.

Но, практична чанта, истовремено не значи и досадна или со неинвентивен дизајн. Напротив, актуелните тенденции вклучуваат голем избор на шик дизајни на масивни чанти што идеално ќе се вклопат во деловниот имиџ на секоја жена. И не само што ќе го надополнат комплетниот деловен изглед, туку ќе му дадат дополнителна естетска привлечност.

Изборот вклучува различна и богата комбинација на форми, материјали, дезени и детали, со што имате можност да го пронајдете вашиот совршен примерок кој идеално ќе се вклопи во вашата деловна слика.

Актуелни се масивните чанти во чисти, геометриски форми со кратка рачка, како и оние со неправилни форми во комбинација на различни дезени и принтови.

Свои верзии во колекциите за пролетната сезона понудија и Валентино, Гучи, Coach, како и голем дел од познатите „high street“ брендови.

Фото извор: Пинтерест, Elle.com

Објавено:
6 февруари 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.142 пати