Модерен зимски поглед со новите модели на очила за сонце на Џими Чу и Прада

28 октомври 2014

Дами можеби купувањето очила за сонце во зима не изгледа како вистински приоритетна инвестиција, меѓутоа кога ќе ги погледнете новите колекции на светските модни куќи Прада и Џими Чу, сигурно ќе се предомислите.

Џими Чу Џими Чу

Креативниот тим на модниот бренд Џими Чу одлучи за веќе актуелната сезона да лансира лимитирана колекција на очила за сонце, наречена Естел. Дизајнерите на британскиот бренд за основа ја искористија класичната мачкаста форма, која својата популарност ја доживеа во 50 – тите години на минатиот век. Одри Хепберн, Мерилин Монро, Грејс Кели се само дел од модните икони кои ги обожаваа очилата за сонце со мачкаст облик. Класичната рамка во ретро стил, креативците на Џими Чу, успеаја да ја разубават со вметнување на тантелен принт.

Џими Чу Џими Чу

Моделите на очила за сонце ќе бидат достапни во три комбинации на бои: црна, сјајна розово -златна нијанса и сина. Леќите на очилата се изработени од полу прозрачни варијации на нежен огледален ефект.   Моделите на очила за сонце во официјална продажба стартуваа на почетокот на овој месец во сите продавници на Џими Чу ширум светот.

Прада Прада

Меѓутоа и новата колекција на очила за сонце на модната куќа Прада за актуелната сезона есен -зима 2014 година, не заостанува по својата убавина и стил. Фотографот Стивен Мејсел ја урами убавината и уникатноста на новите модели на очила за сонце, а во неговата мисија му помогна моделот Мика Аргањараз.

Моделите се одликуваат со строги форми, едноставна линија, масивен изглед на рамките, крутост во однос на дизајнот и впечатливи принтови.

Прада Прада

Во продолжени погледнете ги новите дамски модели на очила за сонце потпишани од Џими Чу и Прада и збогатете си ја вашата колекција со оној кој најмногу ќе ви се допадне.

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци