Модни додатоци од еко крзно за отмен зимски изглед

14 ноември 2018

Честопати укажуваме на тоа дека еден детаљ може да го промени комплетниот визуелен впечаток. Модните додатоци изработени од еко крзно се репер како вашиот зимски аутфит може да претрпи целосна трансформација само со еден детаљ.

Шаловите од еко крзно во различни дезени и бои се во функција на отмениот и елегантен стил во текот на зимската сезона. Затоа важат и за практичен и за исклучително шармантен моден додаток што остава моќен стилски впечаток.

Може да го комбинирате со макси капут или пак со сако, но особено префинето изгледа во комбинација со дамски фустан префрлен на едно рамо – за некоја посебна пригода.

Во уличната мода пак, отмените додатоци од еко крзно се комбинираат со кежуал и спортски парчиња, со џинс или со блузони, со што крајниот резултат е урбан и модерен аутфит.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
14 ноември 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.755 пати