Доколку сте спремни да вложите во нешто квалитетно и со потпис од Оскар де ла Рента, тогаш ние ќе ви ја претставиме колекцијата на модни додатоци за есен/зима 2014 година.

Љубителките на чанти ќе може да бираат помеѓу рачните модели збогатени со везови и сатенски детали или помеѓу тенките модели на чанти со долги синџири. Во однос на чевлите, изборот е различен и буквално е за задоволување на сечиј вкус. Па така, Оскар де ла Рента понуди убави модели на висока потпетица од антилоп кожа,со леопард принт, до глужд, со отворени прсти или со дебела потпетица. Изборот е ваш!

Објавено:
8 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци