Модни додатоци за впечатлив финиш на секој изглед

23 ноември 2015

Значењето на модните додатоци се огледа во фактот дека токму благодарение на нив, целиот изглед добива една поинаква димензија. Па така, и наједноставниот аутфит може да изгледа раскошно доколку одберете вистинско парче накит со кое ќе го заокружите стајлингот. Но, од друга страна пак, несоодветни модни додатоци, погрешно комбинирани, создаваат лоша слика и за најелегантниот фустан.

Затоа едно сигурно правило гласи: повпечатливи детали комбинирајте со облека во чисти линии. Или пак во обратен случај, кога облеката е доволно „гласна" сама по себе, тогаш модните додатоци нека бидат суптилни.

Ако сакате да нагласите едноставно парче облека, како на пример класична бела кошула или удобен зимски џемпер, и сакате да додадете нота на елеганција, тогаш вистински избор се брошевите кои изгледаат луксузно и се незаменлива класика.

Во богатиот избор на модната куќа Елена Лука ќе најдете брошеви во различни форми и големи, во широк спектар на бои од украсни камења кои се доволно ефективни за да го облагородат и наједноставниот аутфит.

Доколку пак ви претстои свечен настан, тогаш деталите во коса како украсните венчиња или шноли, се вистински тренди избор.

Раскошните венчиња со украсни камења, што го носат потписот на Елена Лука, се одличен избор за уникатен финиш на вашиот изглед, независно дали сте одбрале класична црна тоалета или пак монохроматски комбинезон. Доколку дизајнот е едноставен, а линиите се строги, тогаш покрај венчето може да комбинирате и дополнителен накит како на пример алка која ќе биде во сличен тоналитет како и украсното венче или пак масивен прстен.

Погледнете го изборорт на ефективни модни детали во галеријата во продолжение.

Објавено:
23 ноември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.259 пати