Стив Маден е еден од најпопуларните американски дизајнери на чевли и добро познато име на сите оние кои го негуваат мото стилот. Овој пат, специјално за своите многубројни фанови, дизајнерот ја лансираше линијата Free Bird, која може да се најде на голем број онлајн шопови. Една од нив е популарната бохо страна Free People, која е омилена шопинг дестинација на дамите кои ја негуваат елеганцијата од седумдесеттите години на минатиот век.

Еден од моделите за кои постои голема заинтересираност се кожените чизми Drazen Mid Boot, украсени со кожени ремени, волнен конец и дрвена потпетица од четири сантиметри, која придонесува за делумен винтиџ изглед. Погледнете го моделот и побарајте го на многубројните интернет шопови.

Објавено:
5 јануари 2015
Категорија: 
Модни додатоци