Must have: Чанта со животински принт за безброј стилски комбинации

4 ноември 2019

Во екот на есента, нема ништо поубаво од комбинации во земјени тонови, а на истите секогаш сакаме да им додадеме некој стилски моден додаток.

Чантите се едни од најдобрите сојузници на жените, секогаш ги разубавуваат комбинациите, а ние со задоволство ги купуваме.

Како и секоја студена сезона, омилената комбинација најчесто нѝ се состои од џинс и некое лежерно џемперче, па на таа едноставна комбинација потребно е да ѝ додадеме нешто впечатливо. Оваа мини чанта со животински принт во предниот дел е совршен избор во таквите моменти.

Истата ќе го разубави секој ваш стајлинг и ќе му даде шармантен печат, а можете да ја најдете во продавниците на Parfois.

Иако навидум мала, во оваа чанта ќе ги соберете сите потребни работи за секојдневните потреби, па така не двоумете се дали да си ја набавите.

Носете ја и со некој стилски костим за одредена свеченост или пак едноставен црн фустан на кој му треба нешто повеќе.

Чантата е и одличен подарок за вашите сакани, па ако знаете некоја вљубеничка во животинскиот принт, тогаш ова е соодветниот подарок за неа.

Објавено:
4 ноември 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
240 пати